Шефот на разузнавањето во Германија, Томас Халденванг денеска предупреди дека ризикот од исламистички напади е „реален и поголем отколку што беше веќе долго време“ поради конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Сега се појавува нов квалитет – гледаме повици во џихадистичките спектри за напади и Ал Каеда и ИД да се вклучат во конфликтот на Блискиот Исток, нагласи Халденванг.

Тој додаде дека властите ја зајакнуваат безбедноста на еврејските институции и големите настани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.