Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт изјави дека нејзината земја би можела да испрати повеќе војници во Литванија, која е членка на НАТО.

Јасно е дека мораме да примениме построги мерки на одвраќање – изјави германската министерка на заедничката прес-конференција со нејзиниот литвански колега во Вилнус.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа потпиша укази за признавање на самопрогласените Доњецка Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР), како и договори за соработка со нив.

Оваа одлука беше осудена од многу западни претставници.

Сакам да нагласам дека сме подготвени да испратиме повеќе војници во Литванија и да укажеме дека сме заедно со нашите партнери, како и дека сме доверлив партнер во кризата – порача Ламбрехт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.