Според нацрт-буџетот одобрен од владата, Германија следната година планира речиси за половина да ја намали воената помош за Украина, од околу осум милијарди евра на околу четири милијарди евра.

Министерот за финансии Кристијан Линднер рече дека финансирањето на Украина е „сигурно во догледна иднина“ поради планот на Г7 да собере 50 милијарди долари од каматите на замрзнатите руски средства.

Германија е вториот најголем воен донатор на Украина, по САД. Во 2024 година германскиот буџет за Киев изнесуваше речиси 7,5 милијарди евра.

Планираните намалувања на помошта доаѓаат поради стравувањата во Украина и меѓу нејзините европски сојузници дека американското финансирање би можело да биде намалено или дури и запрено доколку Доналд Трамп победи на претседателските избори во ноември.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.