Француските училишта испратија дома десетици девојчиња на првиот ден од учебната година, кои не сакаа да ја соблечат муслиманската облека, изјави денеска министерот за образование, Габриел Атал.

Пркосејќи на забраната за носење муслиманска облека, речиси 300 девојчиња се појавија во училиштата“, изјави Атал за телевизијата БФМ.

„Повеќето се согласија да се сменат, но 67 одбија и беа испратени дома“, рече тој.

Француската влада минатиот месец го забрани носењето абаја во училиштат, објаснувајќи дека таквата облека ги прекршува правилата за секуларизам во образовниот систем. Поради тоа, Франција веќе ги забрани муслиманските шамии. Одлуката беше поздравена од политичката десница, но левицата тврди дека тоа е кршење на граѓанските слободи.

Атал рече дека девојките што биле испратени дома добиле писма за нивните семејства, во кои се наведува дека „секуларизмот не е принуда, туку слобода“. Доколку, пак, дојдат на училиште во абаи, ќе се одржи нов дијалог, рече министерот.

Во врска со ова, претседателот Емануел Макрон во понеделникот рече дека малцинството во Франција ја киднапира религијата и ја предизвикува републиката и секуларизмот, што води до лоши последици.

„Не можеме да се однесуваме како терористичкиот напад, убиството на Самуел Пати, да не се случило“, рече тој во интервју. Муслиманско здружение поднесе тужба до Државниот совет, највисокиот суд во земјата против државните власти, барајќи да се укине забраната за мажи и жени муслимани да носат традиционална облека врз својата облека.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.