Момче преживеа смртоносни поплави во Шпанија качувајќи се на дрво и држејќи се за него цела ноќ. 10-годишното дете се лекувало од хипотермија, објавија шпанските медиуми.

Најмалку три лица загинаа, а уште три се водат како исчезнати бидејќи рекордните врнежи предизвикаа поплави во централна Шпанија, соопшти полицијата.

Во рурален дел од оваа област семејството на момчето се обидувало да се спаси од поплавите кога нивниот автомобил бил одвлечен во реката, рече шефицата на регионот Мадрид, Изабел Дијаз Ајусо.

„Кутрото момче ја помина цела ноќ качено на дрво“, рече таа.

Шпанската полиција соопшти дека мајката и сестрата на момчето се пронајдени, но спасувачките служби сè уште го бараат  татко му.

Жителите во погодените области во неделата беа предупредени со итна СМС-порака и силен аларм за невремето.

Климатолозите предупредија дека глобалното затоплување значи повеќе испарување вода во текот на летото, што доведува до поинтензивни бури.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.