Францускиот претседател Емануел Макрон утре и задутре доаѓа во Белград, посета во која ќе ја потврди поддршката за европските интеграции на Србија. Макрон ќе разговара со српскиот претседател Александар Вучиќ, ќе ја открие плочата по повод завршувањето на работите за модернизација на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ и ќе одржи говор на Форумот за млади и вештачка интелигенција.
Шефот на делегацијата на Европската Унија во Белград, Емануел Жофре изјави дека е позитивна вест што Макрон доаѓа во Србија, оценувајќи дека тоа е важно за нејзиниот европски пат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.