Првите воени авиони кои евакуираа главно европски граѓани од Нигер по воениот удар, рано изутринава слетаа во Париз и Рим.

Поради ризикот од ескалација на конфликтот, Франција, Италија и Шпанија потврдија дека евакуацијата ќе се врши по воздушен пат.

Прво, францускиот авион го напушти Нигер синоќа и рано изутринава слета во Париз со 262 патници. Италијански воен авион евакуираше 87 лица од Нигер кои исто така рано изутринава пристигнаа во главниот град на Италија.

Евакуирани се околу 36 Италијанци, 21 американски државјанин, четворица Бугари, двајца Австријци, еден британски државјанин и воен персонал од Нигер, Унгарија, Сенегал и Нигерија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.