На Украина и претстои многу работа како би се придружила кон ЕУ, но тој процес е почнат, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен во интервју за телевизиската станица „Си-Ен-ЕН“.
Многу е сторено, но има уште работа за да се приближиме. Сепак, процесот е во тек – порача фон дер Лајен.
Според неа, процесот на присоединување на Украина кон ЕУ ќе потрае, потсетуваќи оти веќе некое време постои интензивна соработка на релација Брисел – Киев.
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, неодамна упати барање до државите-членки на ЕУ за итен прием на Украина во Унијата, потпишувајќи ја апликацијата за членство.
Лидерите на Бугарија, Чешка, Полска, Словачка, Словенија, како и на балтичките држави ја повикаа ЕУ да преземе чекори на Украина веднаш да и се додели кандидатски статус и почеток на преговори за членство во Унијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.