Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека Европската унија (ЕУ) под итно треба да изготви планови за да се подготви за целосно исклучување на рускиот гас.

Целосното прекинување на снабдувањето со руски гас би било последица на санкциите наметнати кон Кремљ поради инвазијата на Украина.

Мораме да се подготвиме за натамошен прекин на снабдувањето со гас, па дури и целосен прекин на снабдувањето со руски гас, рече таа во Стразбург.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.