Гувернерот на источниот украински регион Доњецк, Павло Кириленко повика 350.000 цивили да се евакуираат од регионот поради претстојните руски офанзиви.

Повикот следува еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин прогласи победа во соседниот регион, Луганск.

Се верува дека токму Доњецк е следната цел на Русите.

Извлекувањето на 350.000 цивили е нужно за да се спасат животи, како и да се овозможи украинската војска полесно да ги брани градовите од руските офанзиви.

 

Судбината на целата земја ќе биде одлучена во Доњецк. Кога од регионот ќе се евакуираат цивили, војската ќе може да се сконцентрира на непријателот – истакна Кириленко.

Руските сили жестоко го бомбардираа Словјанск, град во Доњецк што се смета за следн клучна цел на руските сили, заедно со Краматорск.

Градоначалникот на Славјанск, Вадим Лика преку Фејсбук ги повика жителите на евакуација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.