Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска разговараше со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, за напорите што се прават за ставање крај на војната во Украина и за ублажување на глобалната криза со храна.

Ние стоиме покрај оние кои страдаат како резултат на уништувањето во Украина. Оваа војна мора да заврши и повторно да се воспостави мир во Европа, напиша Фон дер Лајен на Твитер по средбата.

Фон дер Лајен се состана и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетр Паролин и министерот за надворешни работи, надбискупот Пол Галагер, кој неодамна се врати од Украина.

Ватикан соопшти дека во фокусот на разговорите со Фон дер Лајен била „заедничката посветеност на активностите за ставање крај на војната во Украина, со посебно внимание посветено на хуманитарните аспекти и на последиците од продолжувањето на конфликтот во врска со храната“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.