Санкциите воведени против Москва поради војната во Украина го поништуваат 15-годишниот економски напредок во Русија и 30 години интеграција со Западот, се вели во последниот извештај на Институтот за меѓународни финансии (ИИФ).

Сепак, влијанието на овие мерки е тешко да се предвиди бидејќи тие зависат од можните нови санкции од една страна и од можниот одговор на Русија, особено во енергетскиот сектор, од друга страна.

Војната би можела да биде скапа за рускиот претседател Владимир Путин, но санкциите не делуваат „како притискање на прекинувач – изјави на прес-конференција економистот на ИИФ, Елина Рибакова.

Во својот последен извештај, ИИФ предвидува дека руската економија ќе падне за 15 проценти оваа година и уште три проценти во 2023 година.

Во извештајот се наведува дека финансиските санкции – особено намалената способност на Москва за отплата на надворешниот долг – зголемувањето на цените и заминувањето на странските компании од земјата ја забавија странската побарувачка и на тој начин „ја влошија краткорочната, среднорочната и долгорочната економска перспектива“.

Авторите на извештајот истакнуваат дека „допрва ќе се чувствуваат потешки последици“.

Елина Рибакова вели дека санкциите ги разнишале глобалните синџири на вредности. Таа во тоа гледа „распад на 30 години инвестиции и поврзување со Европа“.

Извршниот потпретседател на ИИФ, Клеј Ловери смета дека оценката за успехот на санкциите воведени против Русија зависи од тоа што сакаат да постигнат владите.

Ако се сака да ѝ се наштети на економијата санкциите секако ќе имаат ефект и тој ќе се зголеми – изјави тој, но додаде дека досега, санкциите се покажале како неефикасни кога станува збор за промена на политиката



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.