Финскиот министер за одбрана Анти Каиконен заминува на двомесечно породилно отсуство за да биде со својот шестмесечен син, а за привремен министер утре ќе биде именуван Мико Савола, објави финската Влада.

Каиконен, исто така, зеде двомесечно породилно отсуство во 2020 година по раѓањето на неговиот постар син, со што стана првиот машки министер што заминал на породилно отсуство.

Децата се мали само многу краток временски период и не сакам да ги паметам само преку фотографии, напиша Каиконен на Твитер во декември минатата година, кога најави привремено повлекување од функцијата.

Финскиот закон не признава породилно отсуство за министрите, па Каиконен мора да поднесе оставка од функцијата, но повторно ќе биде назначен во март.

Во 2020 година, Владата на Финска одлучи двојно да го зголеми времетраењето на породилното отсуство за татковците на седум месеци, со што ги изедначи со мајките.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.