Парламентот на Финска денеска изгласа Закон за готовност, со што се овозможува поставување на бариери на границата со Русија.

Законот е усвоен со големо мнозинство и веднаш стапува во сила.

Поставувањето на бариери на границата со Русија се толкува како мерка на претпазливост поради можна руска одмазда по одлуката на Финска да стане членка на НАТО.

Законот ќе има последици и за барателите на азил во Финска, бидејќи ќе и дозволи на Владата да изгради огради и бариери на границата со Русија и ќе ги насочи сите баратели на азил на еден од неколкуте официјални гранични премини.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.