Финансиерот и член на банкарското семејство Ротшилд, лорд Џејкоб Ротшилд, почина на 87-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Ротшилд ја почна својата кариера во семејната банка NM Rothschild & Sons во 1963 година, пред да ја основа со Марк Вајнберг во 1980 година тогашната J Rothschild Assurance Group, сега St James’s Place, објави „Индипендент“.

Тој исто така го основа Windmill Hill Asset Management, кој управува со филантропското портфолио на семејството.

Во текот на својата кариера ја извршуваше и функцијата заменик-претседател на тогашната телевизија „БСкиБ“, а беше и претседател на Управниот одбор на Националната галерија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.