Филипини преговараат со Русија за купување нафта и други артикли, изјави филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор.

Како што тој нагласи, националните интереси на земјата мора да бидат пред политиката.

Тој за Блумберг ТВ појасни дека Филипините „преговараат со многу потенцијални добавувачи” и оти близу се до постигнување договор.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин тврдеше дека ќе пропаднат обидите на САД и Европа да ја изолираат Русија со економски санкции, затоа што таа ќе се сврти кон Азија во потрага по нови трговски партнери.

Изминатите месеци, Русија ги нудеше своите суровини во повеќе земји во Азија, првенствено нафта по пониски цени.

Индонезија, наводно, исто така ја разгледува можноста за набавка на руска нафта.

На прашање за санкциите против Русија, филипинскиот претседател истакна дека политичката страна од договор со Русија е „малку комплицирана”. Но, тој веднаш додаде оти „националните интереси се на прво место”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.