Воведените санкции ќе нанесат огромна штета и на Европа. Всушност, од војната, па за половина година Русија заработила 158 милијарди евра приход од зголемениот извоз на енергенси. Ова е повеќе од вкупниот годишен приход на Русија од извоз за 2021 година. Покрај тоа, половина од овие пари, 85 милијарди евра ги платија земјите од Европската унија. Слободно може да се каже дека санкциите го осиромашија европскиот народ и Русија не падна на колена. Ова оружје пукаше наназад, со санкциите Европа си пукаше во нога, унгарскиот премиер Виктор Орбан напиша на „Фејсбук“.

Во Брисел, во јуни, бирократите ветија дека санкциите ќе донесат крај на војната. Ниту денес не го гледаме крајот на војната, а сметките за електрична енергија вртоглаво пораснаа. Европските бизниси многу тешко или воопшто не успеваат да се справат со санкционираните цени на енергенсите. Чекаме избори, цела Европа чека одговор од Брисел на прашањето до кога ќе го правиме ова. Ако вака продолжи, цела Европа ќе потоне. Време е да станеме искрени со нашите американски пријатели за ова. Додека не биде предоцна.

Бројот на гневни луѓе во Европа се повеќе се зголемува. Ја негираме вистината. Бриселските бирократи мора да разберат дека не е можно да се коцкаат со судбината на цели економии и милиони луѓе. Ова е неодговорно! И да се одговори на високите сметки за електрична енергија испраќајќи ги во Москва е навредлив чин. Не е ни чудо што владите на земјите што ги поддржуваат санкциите се заменуваат една по друга со луѓе кои се гневни и се чувствуваат измамени, напиша Орбан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.