Украинската армија употребиla севернокорејски ракети во битките против Русија, кои, како што пишува „Фајненшл тајмс“, „пријателските земји“ ги заплениле од брод пред да ги испорачаат во Украина.
Украинското Министерство за одбрана, сепак, сугерираше дека оружјето е запленето од Русија, пишува весникот.
Иако севернокорејското оружје не е широко дистрибуирано на украинското бојно поле, САД претходно ја обвинија Cеверна Кореја дека и испорачува оружје на Русија преку морски патишта.
Cеверна Кореја и Русија негираат дека имало испораки на оружје меѓу двете земји, но украинските војници покажаа севернокорејско оружје запленето во Бахмут.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу оваа недела го посети Пјонгјанг за да ја одбележи 70-годишнината од крајот на Корејската војна, што е прва посета на руски министер за одбрана на Cеверна Кореја од 1991 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.