Администрацијата на претседателот Џо Бајден планира 330 милиони долари воена помош за Тајван, јавија дел од американските медиуми.

Овој пакет е прв од таков вид бидејќи опремата за Тајван доаѓа од она што е познато како Претседателска надлежност за расходи, со што претседателот на САД може да повлекува оружја и други материјали од резервите на Министерството за одбрана. На таков начин е предавано и многу од оружјата испратени за Украина. Овој процес го забрзува трансферот на воениот инвентар.

Сè уште не се знае конечниот список на оружја за Тајван, но некои американски медиуми дознаваат дека ќе бидат вклучени четири беспилотни летала „MQ-9 A“.

Претходно, САД дозволи Тајван да купи оружје од САД, процес кој е многу подолг, за разлика од повлекувањето од резервите.

Последната зделка со Тајван чинеше 332 милиони долари за 30 милиметарска муниција и друга артилерија и 108 милиони долари логистичка поддршка.

Конгресот во мај одобри 1 милијарда долари расходи за воена помош за Тајпеј. Но пакетот беше одложен поради грешка во сметководството и требаше да се преброи вредноста на опремата за Тајван



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.