Европските лидери го осудија денешниот напад врз Израел од страна на палестинската исламистичка група Хамас, при што загинаа најмалку 22 луѓе, а 545 лица се хоспитализирани.
„Силно ги осудувам терористичките напади врз Израел од Газа. Силно ги осудувам неселективните напади започнати утрово против Израел и неговиот народ, изложувајќи ги невините граѓани на терор и насилство“, напиша претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на X.
Шефот на британската дипломатија Џејмс Клеверли на социјалните мрежи објави дека Лондон недвосмислено ги осудува ужасните напади на Хамас врз израелските цивили и оти секогаш ќе го поддржува правото на Израел да се брани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.