Црвен аларм за поплави е вклучен во неколку јужни предградија, а пет милиони жители на градот се предупредени на можноста од ненадејни порои во текот на викендот.

Во Сиднеј во првите три месеци од годинава падна едногодишна количина дожд и поради постојаните дождови кои предизвикуваат порои, загрозуваат куќи и поплавуваат улици, властите денеска наредија евакуација на жителите.

Црвен аларм за поплави е вклучен во неколку јужни предградија, а пет милиони жители на градот се предупредени на можноста од ненадејни порои во текот на викендот.

Сиднеј, каде што непрекинато врне веќе две и пол недели, во првите три месеци од 2022 година прими доби годишна стапка на врнежи, објави Метеоролошката служба.

Ова е најврнежливиот почеток на годината во Сиднеј од рекордот во 1858 година, велат метеоролозите.

За време на викендот се очекува мало смирување, но прогнозите најавуваат нови врнежи од вторник.

Досега итните служби одговориле на повеќе од 680 повици за помош од жителите погодени од невремето.

Локалните власти предупредуваат на потенцијални свлечишта и одрони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.