Затворање на воздушниот сообраќај за руските авиони на целата територија на ЕУ, би можела да биде дел од новиот пакет санкции против Москва.

Според зборовите на неименуван европски дипломат за Ројтерс, се уште не е познато дали одлуката за новите санкции ќе биде донесена во текот на денешниот ден.

Дипломатот вели дека таа одлука ќе биде координирана со групата на седумте најмоќни светски економии Г-7.

Многу земји веќе донесоа таква одлука поединечно, но прогласувањето на ниво на ЕУ би можело да биде дел од новиот пакет санкции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.