Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) соопшти дека Европската Унија е длабоко загрижена од извештаите за воена соработка и трансфери на оружје меѓу Cеверна Кореја и Руската Федерација.

Европската Унија силно го осудува секој таков трансфер на оружје. ЕУ ги повикува Cеверна Кореја и Русија да се воздржат од каква било размена на воена опрема или муниција и да се придржуваат до резолуциите на Советот за безбедност на ОН, вклучително и 1718, 1874 и 2270, кои јасно забрануваат каков било извоз или увоз на оружје поврзан со Демократска Народна Република Кореја, се наведува во соопштението.

Според ЕЕАС, кршењето на резолуцијата на Советот за безбедност и продлабочувањето на врските со Пјонгјанг се показател на нејзината зголемена изолација и очај и на ефективноста на рестриктивните мерки на ЕУ кон Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.