Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговарал со својот украински колега Володимир Зеленски, соопшти Дирекцијата за комуникации на турското претседателство, јави турската државна телевизија ТРТ-Хабер. Тие разговарале за последните случувања во врска со војната во Украина. Ердоган истакнал дека под какви било околности треба да се зачува можноста за дипломатско решение на кризата во Украина.

Тој додал дека Турција е подготвена да направи сè што е потребно за да се стави крај на војната преку преговори, соопшти Дирекцијата за комуникации на турското претседателство.

Ердоган, исто така, му се заблагодари на претседателот на Украина за неговото сочувство за минатонеделната експлозија во рудник во округот Бартон, северна Турција, во која загинаа 41 лице.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.