Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во телефонски разговор со ерменскиот премиер Никол Пашинјан истакнал дека треба да продолжи процесот на целосна нормализација на односите меѓу двете земји, соопшти кабинетот на Ердоган.
Јавното радио на Ерменија, пак, објави дека Пашинјан и Ердоган разговарале за процесот на спроведување на Договорот за отворање на копнената граница меѓу двете земји за лицата кои имаат дипломатски пасоши и за државјаните на трети земји.
Пашинјан на претседателот на Турција му го честитал Курбан Бајрам, а Ердоган на ерменскиот премиер му го честитал Вартавар, празникот Преображение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.