Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Владимир Путин е подготвен да разговара.

– Бевме заедно во Узбекистан, имавме долги разговори. Тој покажа знаци дека е подготвен ова да заврши што поскоро. Тоа беше мојот впечаток, изјави Ердоган за ПБС додавајќи дека е договорена размена на 200 затвореници.

Веста доаѓа по големата украинска контраофанзива во која беше ослободен североисточниот дел на земјата, коментираат светските агенции.

Ердоган вели дека му рекол на Путин да го врати Крим на неговите вистински сопственици.

– Од 2014 година на мојот драг пријател Путин му зборуваме за тоа и го баравме тоа од него. Баравме Крим да им се врати на вистинските сопственици. Тие се и наши потомци кои живеат таму, рече Ердоган, додавајќи дека ниту еден чекор во таа насока никогаш не бил направен.

На прашањето како треба да изгледа крајот на војната во Украина, Ердоган рече дека земјата што ја освоија Русите мора да му се врати на Киев



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.