Стотици гости присуствуваа на погребот на кралицата во меморијалната капела на кралот Џорџ VI. Членовите на кралското семејство, нивниот персонал и важни политички фигури присуствуваа на погребната церемонија, при што кралот Чарлс остави празно место во првиот ред во симболична почит на традицијата што ја започна неговата мајка.

Според кралскиот протокол, никој не смее да седи пред кралицата за да не ѝ го блокира погледот, а оваа традиција ќе ја продолжи и новиот крал. Капелата на кралот Џорџ VI, беше приватна капела на кралицата, но таа никогаш не се чувствуваше удобно да седи во првиот ред.

Кралицата обично седела во вториот ред со својот сопруг, покојниот принц Филип, оставајќи празно столче во првиот ред, за, според протоколот, никој да не ѝ го блокира погледот. Минатата година, таа беше снимена на погребот на нејзиниот сопруг, принцот Филип, како седи сама во вториот ред поради тогашните ограничувања за Ковид-19.

Кралот Чарлс ѝ оддаде последна почит на покојната кралица со овој симболичен гест.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.