Tурскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја повика Русија да не ја напаѓа Украина.

Русија треба да ја преиспита ситуацијата во светот и сопствената ситуација пред да се одлучи на таков чекор – порача Ердоган по посетата на Албанија.

Ердоган истакна дека евентуална руска инвазија на Украина би била грешка.

Украина не е обична земја, Украина е силна држава – нагласи турскиот претседател

Москва негира дека планира напад врз Украина, но го предупреди Западот дека проширувањето на НАТО кон таа и другите поранешни советски земји претставува „црвена линија“ што не смее да биде премината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.