Претседателот на германскиот Комитет за надворешни работи, Михаел Рот, изјави дека Германија не може да исклучи дека можноста гасоводот Северен тек 2 да биде искористен како средство за политички притисок врз Кремљ во случај на руска агресија врз Украина.

Очекуваме дипломатско-политичко решение, а дипломатските алатки вклучуваат и санкции. Ако навистина дојдеме до санкции, а јас сепак се надевам дека ќе успееме да го избегнеме тоа, тогаш не можеме однапред да ги исклучиме работите што можеби ги бараат нашите партнери во Европската Унија – истакна Рот за германската телевизија АРД

Гасоводот Северен тек 2, кој веќе е завршен, но се уште не добил дозвола за работа, има за цел да ја зголеми испораката на руски гас во Западна Европа, но противниците на проектот, вклучително Украина и САД, велат дека тоа ќе ја направи Европа премногу зависна од Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.