Разорувањето на Кримскиот мост кој ја поврзува Русија со Крим, претставува стратешки удар за московските трупи, смета д-р Самуел Рамани, автор на книгата „Војната на Путин против Украина“.

„Имаат повеќе од 20.000 сили кои моментно се заглавени во Херсон. Изгубија пристап до мостовите, се потпираат на понтонските траекти и очајнички им треба муниција, храна и резерви од Крим“ – вели Рамани во својата анализа.

Русија стратешки е во полоша ситуација од она што беше на почетокот на неделата, посочува аналитичарот додавајќи дека загубата на Харкив беше голем морален и логистички удар за Русија, а загубата на Лиман пресече уште една логистичка рута што на Русите им зададе сериозен удар.

„Сeкогаш кога Русија ќе се обидеше да ги рашири своите сили, секогаш успеваше, но Украина успеа да ја одржи офанзивата на Лугансј, Доњецк и на Херсон во исто време. Можеби сега отвора нова на Запорожје. Тоа е голема грижа за Русија бидејќи сега Украина би можела да има повеќе територија отколку што имаше во февруари, до моментот кога 20.000 руски војници ќе стигнат на боиштето “ – истакнува Рамани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.