Најмалку девет лица загинале откако експлозија на гас урнала петкатница на островот Сахалин во Русија. Меѓу жртвите има и четири деца.

Како што соопшти регионалниот гувернер Валери Лимаренко, инцидентот се случил во гратчето Тимовскоје.

Видеата од местото на настанот покажуваат дека неколку станови биле целосно уништени од експлозијата.

Во станбениот комплекс има 33 жители, од кои двајца сѐ уште се заробени под урнатините, додека спасувачите продолжуваат да бараат преживеани.

Девет лица се повредени, јави ТАСС.

Новинската агенција ги цитира службите за вонредни состојби кои велат дека зградата нема централен систем за греење на гас, а се верува дека причина за експлозијата е неисправен резервоар за гас. Покрената е кривична истрага.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.