Четворица војници загинале, а еден е ранет во израелски воздушен напади врз централниот и крајбрежниот дел на Сирија, соопштија воени извори во Дамаск.

Државните сириски медиуми, повикувајќи се на неименуван воен функционер, објавија дека израелски авиони го прелетале Средоземното Море и истрелале проектили кон воени позиции.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, опозициска група која ја следи војната, соопшти дека силни експлозии се слушнале во крајбрежната провинција Латакија и во областите Хама и Хомс во централна Сирија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.