Пристигна првата официјална реакција од институција на ЕУ. Европската Комисија оцени дека говорот на рускиот претседател Путин е доказ дека тој не сака мир, јави дописничката на МИА од Брисел.
Рускиот претседател, Владимир Путин, утрово соопшти дека е во војна со Западот кој ја вооружува Украина, дека ќе ги искористи сите средства за да ја одбрани Русија и дека се мобилизираат 300 илјади војници за таа цел. Тој потврди дека ќе се одржат референдумите во сепаратистичките региони во Украина и тие ќе бидат одбранети од страна на Русија.
За Европската Унија ова е знак дека Путин сака воена ескалација.
Говорот на Путин и неговите најави за делумна мобилизација е уште еден доказ дека Путин не е заинтересиран за мир, туку за ескалација на војната на агресија, и знак за неговиот очај поради текот на војната во Украина, изјави Петер Стано, портпарол на Европската Комисија за надворешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.