Британскиот премиер Борис Џонсон, најави дека во текот на овој месец, кога ќе ја претстави владината стратегија за соживот со корона вирусот, има намера да предложи укинување на законската обврска за самоизолација за луѓето кои се позитивни на Ковид-19

Минатиот јули, Џонсон за малку ќе ги укинеше сите епидемиолошки мерки, а минатиот месец ги укина таканаречените мерки од „Планот Б“, привремено наметнати за да се забави ширењето на омикрон сојот.

Џонсон изјави дека сака да оди чекор понатаму, што е дел од промената на насоката на навикнување на коегзистирање со Ковид-19, па законската обврска за самоизолација ќе ја направи само препорака.

Мојата намера е да се вратам првиот ден по паузата за да ја претставам нашата стратегија за соживот со Ковид-19. Доколку продолжат да пристигнуваат тековни охрабрувачки податоци очекувам дека ќе можеме да ставиме крај на преостанатите ограничувања, вклучувајќи ја и законската обврска за самоизолација во случај на позитивен наод, еден месец порано – им порача Џонсон на пратениците, кои продолжуваат со работа на 21 февруари.

Во моментов обврската треба да трае до 24 март, но Џонсон претходно најави дека ќе се обиде да ја укине доколку е тоа можно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.