Американскиот претседател Џо Бајден го нарече својот руски колега Владимир Путин „касап“ за време на средбата со украинските бегалци во Варшава. Бајден изјави дека не е убеден дека Путин ја сменил стратегијата на Русија во војната за да се фокусира на источните региони.

Тој на новинарското прашање за тоа што мисли за Путин кратко одговори.

Тој е касап, изјави Бајден.

Тој пред новинарите на средбата со украинските бегалци рече дека „не е сигурен“ дека Русија ги сменила стратегијата.

Москва вчера соопшти дека нејзиниот фокус е префрлен на источните региони на Украина Луганск и Доњецк, попознати како Донбас. Делови од регионот паднаа под контрола на сепаратистите откако Русија незаконски го анектираше украинскиот Кримски Полуостров во 2014 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.