Домаќинствата во Европска Унија плаќаа значително повисоки сметки за гас и електрична енергија во втората половина на 2021 година поради раст на цените на пазарите на големо, поттикнати од бранот побарувачка што предизвика закрепнување на економијата од пандемиската криза.
Просечната цена на струјата за домаќинствата во ЕУ во втората половина од минатата година била за 11,3 отсто повисока во споредба со истиот период во 2020 година и изнесувала 23,7 евра за 100 киловатчасови, соопшти Евростат.
Просечната цена на гасот забележа раст од речиси ист процент и изнесува на 7,8 евра за 100 киловатчасови.
Во првата половина од годината струјата за домаќинствата поскапе за 2,8 отсто, а цената на гасот забележа мал пад во однос на истиот период во 2020 година.
Во периодот од јули до декември минатата година, струјата најмногу поскапела за домаќинствата во Естонија и во Шведска, за 50, односно 49 отсто, а на трето место е Кипар – 36 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.