Двајца мажи загинаа на новогодишната ноќ од експлозија на пиротехнички средства, едниот во Германија, а другиот во Австрија, објавија денеска медиумите.
Во Хенеф во близина на Бон во западна Германија почина 37-годишен маж, а во истиот инцидент тешко е повреден и еден 39-годишен маж кој е пренесен во болница. Во Австрија, 23-годишник загина југозападно од Виена, а три лица се повредени во истиот инцидент.
Неколку други лица се повредени во други инциденти со пиротехнички средства во германските градови Лајпциг и Хамбург, јави германската новинска агенција ДПА.
Продажбата на огномет за лична употреба беше забранета во Германија оваа година поради пандемијата на коронавирус. Некои Германци купувале нелегални пиротехнички средства, а други сами ги правеле, што го зголемува ризикот од несреќи, пренесува Бета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.