Двајца професори се прободени со нож денеска во зградата на Универзитетот во Осло, соопшти норвешката полиција, која уапсила студент осомничен за нападот.

Околностите и причините за нападот се уште се нејасни. „По дојавата за можен напад со ладно оружје, полицијата „ја презеде контролата над насилникот и двете жртви.

Веројатно се работи за професорите и нивните студенти“, изјави шефот на операцијата Кристијан Бјоерберг на прес-конференција. На местото на настанот се запленети два ножа.

Раководителот на Итната медицинска помош изјави дека едниот повреден е во „критична состојба“ и дека е примен во болница. Другиот е полесно повреден.

Инцидентот, кој е многу редок во Норвешка, се случил во зградата на Институтот за труд, кој е во рамки на Универзитетот во Осло.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.