Началникот на Генералштабот на полската армија, генерал Рајмунд Андрејчак и началникот на Оперативната управа, генерал Томаш Пјотровски, поднесоа оставки, меѓу другото, поради злоупотреба во корист на властите во кампањата пред парламентарните избори на 15 октомври.

Весникот „Жечпосполита“ вие информации прво ги објави како неофицијални, но портпаролот на Оперативната управа, потполковник Јацек Горишевски потоа ги потврдил за телевизијата Полсат.

Причината за поднесените оставки на 1 октомври, а кои сега стигнале до полсиот претседател Анджеј Дуда, е пред се конфликтот со министерот за одбрана Мариуш Блашчак, кој трае веќе подолго време.

Конфликтот се интензивираше по падот на руската ракета во близина на градот Бидгошч во декември минатата година, а јавноста за тоа дозна дури кога случајно ја откри локален жител при прошетка во шумата, речиси пет месеци подоцна.

Блашчак тогаш го обвини генералот Пјотровски за неуспешната потрага по проектилот, но се покажа дека и покрај барањето на армијата за проширување на потрагата кога проектилот не бил пронајден од авион, Министерството за одбрана стравувајќи дека министерот ќе биде обвинет дека противвоздушната одбрана на Полска е неефикасна, одлучи потрагата да прекине.

Блашчак потоа побара оставка од началникот на Оперативната управа на Генералштабот, но претседателот на Полска Дуда одби, па министерот почна да ја игнорира Оперативната управа и задачите за зајакнување на заштита на границата со Белорусија и сега исто така ја доделил евакуацијата на Полјаците од Израел по нападот на Хамас како задачи на Генералната администрација чија команда му е полојална.

Полскиот весник „Жечпосполита“ и медиумите, кои исто така неофицијално добиле потврда за оставки во самиот врв на армијата, нагласуваат дека врз одлуката на генералите Андрејчак и Пјотровски влијаело и тоа што владејачката партија „Право и Правда“ масовно ја злоупотребува армијата во предизборната кампања.

– Ова е драматичен ден за полската армија и резиме на осум години владеење на Право и правда. Во полската армија има драматична криза. Армијата не може да остане без команданти. Претседателот Дуда е должен веднаш да го разреши министерот за одбрана Блашчак, изјави поранешниот министер за одбрана Томаш Шемоњак за полската телевизија ТВН24.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.