Британската кралица Елизабета Втора (95) извршува „полесни должности“ во замокот Виндзор во Лондон, иако е позитивна на ковид, објавија денеска кралските власти.

Бакингемската палата вчера потврди дека кралицата има благи симптоми на корона, слични на настинка.

Полесните обврски вклучуваат, меѓу другото, читање британски весници во добар дел од денот, објави Би-Би-Си.

Ситуацијата во Виндзор е во состојба на готовност, но нема голема причина за тревога – изјави портпаролката на кралското семејство на Би-Би-Си, Даниела Релф.

Таа додаде дека впечатокот е дека оваа недела ќе биде „деловна, колку што е можно повеќе, за кралицата“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.