Голем пожар избувнал во станбена зграда во градот Есен во западниот дел на Германија. Три лица се префрлени в болница поради труење со чад.

На местото на инцидентот се испратени околу 150 пожариникари за да го изгаснат пожарот.

Противпожарната служба соопшти дека од зградата се евакуирани преку 150 луѓе.

Причината за пожарот се уште не е позната, но се чини дека огнот брзо се проширил откако избувнал во раните утрински часови, поттикнат од најновата бура што ја погоди северна Европа во изминатите денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.