Вознемирувачко видео од татко и син кои се обидуваат да се евакуираат се шири на социјалните мрежи. Како што пренесува „Радио Слободна Европа“, тие се обидувале да побегнат од Иванкив, населба во близина на Киев.

Олех Булавенко и неговиот син возат по правлив пат и ги коментираат хорор сцените на кои наидува.

Гори! Сè гори, гледај, гори деветкатницата, се слуша од автомобилот.

Потоа здогледуваат руски конвој, а синот на Олех, кој снима со својот мобилен телефон, бара од татко му да го запре автомобилот.

„Можеме ли да се вратиме?“, прашува тој, но само секунда подоцна се слуша пукање. Кога се симнува од совозачкото место, синот на Олех почнува да липа бидејќи сфаќа дека татко му е тешко ранет и речиси неподвижен лежи на патот.

Тато, дали си уште тука!? Издржи, издржи, издржи!, вика очајниот млад човек.

„Ми ја скина ногата“, вели ранетиот Олех, молејќи го синот да го докрајчи.

Не можам да го сторам тоа. Мора да издржиш. Пукањето престана. Немој да умреш, те молам, вика младиот човек, но куршумите набрзо повторно почнуваат далетаат.

Според РСЕ, Олех подоцна починал од повредите во болница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.