Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, изјави дека незадоволството во Русија од војната во Украина е можност што се појавува еднаш во генерација за регрутирање шпиони и дека неговата агенција не ја пропушта таа можност.

Аверзијата кон војната ќе продолжи да го јаде руското раководство под постојаната државна пропаганда и практикуваната репресија, изјави Барнс, поранешен американски амбасадор во Москва, на предавање во британската фондација Дичли во Оксфордшир, Англија.

Тој додаде дека вооружениот бунт на водачот на груоата „Вагнер“, Евгениј Пригожин, го покажал корозивниот ефект врз Русија од војната на претседателот Владимир Путин во Украина.

Барнс го опиша бунтот како „вооружен предизвик за руската држава“, но рече дека тоа е „внатрешна руска работа во која САД немаат и нема да имаат учество“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.