Дипломат од НАТО, за британските медиуми информира дека во услови на ескалација на тензиите меѓу Украина и Русија, САД размислуваат во следните неколку недели дел од своите војници стационирани во Западна Европа да преместат во Источна Европа.
Ова се однесува на американската војска која веќе се наоѓа во Европа – вели дипломатот, кој сакаше да остане анонимен, потврдувајќи го извештајот на весникот „Њујорк Тајмс“ во кој се вели дека американскиот претседател Џо Бајден размислува да испрати американски војници во балтичките и источноевропските сојузници.
НАТО соопшти дека ги става своите сили во состојба на подготвеност и дека Источна Европа ја опремува со повеќе бродови и борбени авиони, што Русија го осуди како ескалација на тензиите околу Украина.
Дипломатот вели дека потенцијалното преместување на војската ќе биде постепено и дека до пополнувањето на празнината на НАТО на источното крило може да се случи во наредните недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.