Австралија ја обвини социјалната мрежа „ВиЧет“ (WeChat) дека го презела профилот на премиерот Скот Морисон и ги насочила неговите следбеници на страницата за кинеските државјани во Австралија.

Ова го потврди претседателот на Мешовитиот одбор за разузнавачки и безбедносни прашања на австралискиот парламент, Џејмс Патерсон.

Тој изјави дека профилот на Морисон е „преземен и ребрендиран“.

Патерсон додаде дека налогот на премиерот сега ги пренасочува неговите следбеници на налогот „Австралиски кинески нов живот“.

„ВиЧет“ е една од најкористените апликации за пораки во Кина, која во 2020 година броеше околу 1,2 милијарди корисници месечно.

Огромното мнозинство од нив се наоѓаат во Кина, но, исто така, мрежата е популарна и меѓу кинеската дијаспора.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.