Децата во северна Газа умираат од глад, тврди Светската здравствена организација (СЗО). Во пост на „Х“, генералниот директор на СЗО, Тедрод Аданом Гебрејесус пишува за мрачните сознанија до кои дошле по посетата на СЗО на све болници во регионот.

„Ужасно ниво на неухранетост, деца умираат од глад, серизеннедостиг од гориво, храна и од медицински матријали, уништени болници,“ напиш тој во пост од понеделникот.

Недостигот од храна резултирал со смрт на 10 деца во болницата „Камал Адван“, единствената педијатарска болница во северна Газа, во која ситуцијата е особено запрепастувачка, а една од болничките згради е целосно уништена.

Ова е прва посета на СЗО на болницата од почетокот на октомври, кога изби војната меѓу Израел и Хамас.
Постот на Гебрејесус следи по скорешните извештаи дека шест деца починале од дехидрираност и неухранетост во две болници кои престанале да работат поради немањето гориво за работа на нивните генератори.

„Апелираме да Израел да се погрижи хуманитарната помош да биде редовно и безбедно доставена. Цивилите, особено децата, и медицинскиот пресонал имаат итна потреба од засилена помош, но клучен лек за сите овие пациенти е мирот. Прекинот на огнот,“ истакна тој.

Во северна Газа живеат најмалку 300.000 луѓе со малку храна или чиста вода. Областа е речиси целосно отсечена од помошта од почетокот на војната, а израелските сили рутински ги блокираат доставените продукти.

Висок претставник на ОН предупреди дека најмалку 576.000 луѓе во Појасот Газа – една четвртина од населението- се соочува со катастрофален недостиг од храна, а секое шесто дете помало од две години во регионот страда од акутна неухранетост.

Претходно во февруари и УНРВА, организацијата за палестински бегалци при ОН, престана да доставува помош во северна Газа, а и Агенцијата за храна на ОН престана да доставува помош во регионот на 20 феврури пораи израелскиот оган и целосниот хаос и насилство кои резултираа од колапсот на граѓанскиот поредок.

Предупредувањата од ОН за можен глад во јануари го зголемија и бројот на очајни луѓе кои се обидуваат да дојдат до храна од камионите што поминуваат.

Минатата недела израелските војници пукаа во толпата што се доближа до еден конвој со храна во централниот дел на Газа, предизвикувајќи стампедо кое, заедно со куршумите, уби десетици луѓе.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.