Во силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди јужна Турција и северозападна Сирија, загинале повеќе од 500 луѓе, а стотици се повредени при уривање на огромен број згради низ регионот, што предизвика потрага по преживеани во урнатините.

Едно од тие што имале среќа брзо да бидат најдени е седумгодишно дете, повредено во земјотресот, кое било спасено од урната зграда во турскиот град Дијарбекир, откако седум часа било под урнатините. на социјалните мрежи е објавена трогателна снимка од неговото спасување.

Турскиот потпретседател, Фуат Октај, соопшти дека е потврдена смртта на 284 луѓе, а 2.323 се повредени. Октај додаде дека властите разместиле спасувачки тимови и авиони во погодената област, истовремено прогласувајќи го „четвртото ниво на тревога“ барајќи меѓународна помош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.