Древни православни икони од Украина биле прошверцувани во Франција.

Како што пишува „Волстрит џурнал“, десетици православни икони биле прошверцувани од Украина во Франција уште во мај 2023 година.

Дел од таквите икони се изложени во музејот Лувр.

Никој освен тесен круг луѓе не знаеше дека го правиме тоа“, вели Максимилиен Дуран, раководител на одделот за византиска и источнохристијанска уметност во Лувр.

Шеснаесет ретки икони, од кои некои датираат од 6 век, од колекцијата на Националниот уметнички музеј во Киев биле пренесени во Франција под воена придружба преку Полска и Германија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.