Официјален Кремљ соопшти дека е збунет од одлуката на САД да воведат санкции против ќерките на рускиот претседател, Владимир Путин, опишувајќи го потегот како дел од „поширокото лудило“ на Западот против Русија.

Се разбира, ние веруваме дека овие санкции сами по себе претставуваат продолжување на апсолутно лудиот став за воведувањето ограничувањ – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува „Ројтерс“.

Како што истакна Песков, самата одлука да се воведат ограничувања за членови на семејството зборува сама по себе.

Тој порача дека тешко може на рационален и цивилизиран начин да се разбере и објасни зошто ќерките на Путин ќе бидат цел.

За жал, мораме да се справиме со такви противници – истакна Песков.

САД вчера воведоа нов пакет санкции кон Москва, кој вклучува забрана за каква било американска инвестиција во Русија, а новиот пакет санкции ги вклучува и ќерките на Путин.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.