Данските студенти кои студираат во Русија или Белорусија повеќе нема да имаат право на дански државни стипендии, одлучи парламентот во Копенхаген.
Според данскиот закон, граѓаните на таа земја имаат право на финансиска поддршка за време на нивните студии, без разлика каде се школуваат.
Смислата на тој систем е да им се овозможи на сите да студираат, без разлика на нивната финансиска состојба, односно студентите да не мора да работат за време на студирањето.
Годинава стипендистите добиваат 6.397 круни (860 евра) бруто месечно, но од таа сума треба да плаќаат данок.
Со новата одлука на пратениците, студиите во Русија и Белорусија ќе бидат исклучени од таа програма до 1 јануари 2024 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.